Саниран е патот кој води манастирот св. Јован Крстител кај Маркова Чешма

Сподели го ова:





























За разлика од претходно, сега делумно е саниран патот кој води манастирот св. Јован Крстител кај Маркова Чешма.

Ова е причина плус, прилепските верници да го посетат овoј манастир за празникот св.Јован Крстител на 11 септември, каде што како секоја година така и оваа, реки од народ традиционално ќе пристигнат во манастирот за да се помолат за свое здравје, како и за здравјето на своите најблиски.

Веста за санацијата на патот е потврдена и на фб страната од манастирот, преку објава на социјалните мрежи во која се вели:

Почитувани верници, извршена е мала санација на патот до Манастирот Св. Јован Крстител ( Маркова Чешма – Прилеп ), и сега е во солидна состојба– се вели во објавата на манастирот.




Сподели го ова:

Слични објави