ВМРО-ДПМНЕ: За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани.
За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер линеарно ги зголеми пензиите за 7.000 денари.
За домаќинство во кое двајцата сопружници се пензионери ова значи 14 000 денари повеќе секој месец во домашниот буџет.
И додека владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на подобрување на животниот стандард од СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд имаше обиде мерката да ја оспорат но Владата остана доследна на определбата да ги заштити интересите на пензионерите за подобар животен стандард.
Исто така Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на мерки, проекти и политики кои носат конкретни резултати за граѓаните – се вели во денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.
