На акумулацијата Стрежево, млад рибар и неговиот татко уловија риба од 35 кг

Сподели го ова:





























Вчерашниот ден на независноста, заврши со успешна семејна рибарска приказна на акумулацијата Стрежево во Битола.

Станува збор за млад рибар и неговиот татко, кои вчера од водите на акумулацијата Стрежево уловија сом од 35 кг. Веста ја потврдија и од ЈП Стрежево кои истакнаа:

Татко и син, заедно на акумулација Стрежево, со капитален улов – сом од 35 кг . Како што независноста ја извојувавме со заедништво, така и денес силата е во единството! Среќен празник Македонијо!” – се вели во вчерашната објава на ЈП Стрежево.




Сподели го ова:

Слични објави