Радувај се Македонијо! Македонецот Бојан Илиевски е победник на Ѕвездите на Гранд
Големото финале на најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“, се одржа вчера вечерта во Србија, а македонецот Бојан Илиевски од Скопје е годинешниот победник на ова музичко шоу.
Втора на ова музичко натпреварување беше кавадарчанката Мирјана Митрева, која го освои второто место со околу 46.000 гласови.
Бојан ја изведе емотивна песна на групата ДНК – „Ако утре ме нема“, во чест на трагично настраданите членови на бендот.
