ОЧЕКУВАНО: Прилепските “Веселите Ѕвончиња” во Охрид направија весел детски спектакл
Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, вчера вечерта ги забавуваше пристните посетители во Охрид, а денеска се специјални гости во Битола на третото издание од KIDS MUSIC FEST.
И оваа година реки од народ уживаат во детските музички хитови од овој најатрактивен детски музички фестивал. Во прекрасните детски мелодии, освен најмладите охриѓанчиња, уживаа домашните и странсите туристи на плоштадот Вангел Наумоски во Охрид.
Уметничкиот директор на фестивал Гоце Балада кој што воедно од страна на АКАДЕМИК три години по ред е прогласен за најкреативна личност во нашата земја, на сцената во Охрид истакна дека навистина е чест што по шести пат Веселите Ѕвончиња учествуваат на големата сцена во Охрид, и дека им било чест што настапија во програмата на Општина Охрид која носи наслов “Културата расте со децата”.
