Прилепските доктори и медицинскиот персонал денеска во црквата во дворот на болницата во Прилеп, го одбележаа големиот христијански празник посветен на св. Пантелејмон

Сподели го ова:





























Денеска, по повод 09 август – празникот празникот посветен на „Свети Пантелејмон“, во истоимената црква која се наоѓа во дворот на прилепската болницата, се отслужи Света Литургија во чест на празникот, а за телесно здравје и духовно спасение на сите вработени од прилепската болница, почнувајќи од лекарите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, како и за сите болни кои се хоспитализирани во болницата, но и за сиот правоверен народ.

Празнувајќи го денешниот голем ден, Црквата потсетува дека односите со Бога и со луѓето не се загрозени само од болеста, туку пред се’ – од гревот. Затоа, Христос кога лекува болести, Он ги простува и гревовите и на тој начин ја лекува целата личност. Здравјето не е статичка вредност. Тоа е динамично и секогаш може да се подобри! Дури и кога не чувствуваме болка, подобро здравје значи – повеќе енергија! А во Светото Писмо можеме да најдеме многу здравствени правила и упатства, до кои, како православни христијани треба да се придржуваме. Меѓутоа, Светото Писмо не ги дава сите одговори на прашањето за човечкото страдање. Божјите патишта, кога станува збор за болеста, често остануваат многу мистериозни за човекот (Рим. 11: 33) и секогаш не’ ставаат пред предизвикот на верата дека Бог се’ им придвижува кон добро, на оние што Го љубат (Рим. 8: 28).




Сподели го ова:

Слични објави