Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари се одржа настанот „Со песна ја будиме пролетта“
Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа еден навистина прекрасен настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија. Под мотото „Со песна ја будиме пролетта“, учениците уште еднаш покажаа колку талент, креативност и радост носат во себе.
Искрени честитки до сите дечиња кои настапија, до наставниците, организаторите и родителите кои со многу посветеност го направија овој ден посебен. Ваквите моменти се најубав потсетник дека се ближиме кон крајот на уште една успешна учебна година, исполнета со труд, знаење и убави спомени. Продолжуваме да ги поддржуваме младите и да создаваме убави моменти заедно – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
