Денеска во Крушево започнува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар 2026“
Денеска во Крушево започнува второто издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар 2026“. Турнирот е во чест на Сотир Стојчески – Мазар. Овој турнир ќе се одржува на игралиштето кај Гумење и ќе трае до 16 август. На истиот се пријавени голем број на екипи, а вредноста на наградите е во вредност од околу 200.000 денари.
Денес со голема чест и задоволство го означуваме почетокот на меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“. Овој турнир е повеќе од спортски настан – тој е израз на почит и сеќавање кон Сотир Мазар, млад човек кој прерано нè напушти, но остави трага кај сите што го познаваа. Благодарност до организаторите и сите учесници кои придонесуваат оваа традиција да продолжи – истакна во својата објава градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.
