Прилепската болница со уште еден нов успех! За првпат во Прилеп е изведена AutoCart процедура на колен зглоб – современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица
Нов чекор во современата ортопедија во Прилеп!
Денеска за првпат во Прилеп е изведена AutoCart процедура на колен зглоб. Станува збор за современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица, при која се користат сопствени клетки и биолошки материјали од пациентот, со цел поттикнување на регенерацијата на ’рскавицата и подобрување на функцијата на зглобот.
Оперативниот тим го сочинуваа: оператор д-р Кире Јоноски, асистент д-р Миле Милошески и медицинска сестра Жаклина Мидоска.
Продолжуваме понатаму со воведување современи методи и подобра здравствена грижа за пациентите од Прилеп и регионот – истакнаа од болницата.
