НЕКА СЕ МНОЖАТ! Сè повеќе венчавки во манастирот кој го градеше Тоше во Крушево
Познатиот манастир Свето Преображение кој се наоѓа над Крушево, со својот целосен манастирски сјај, непрекинато говори за верата Христова, како и за нашиот Тоше Проески кој повеќе од 16 години се пресели во вечноста. Манастирот после долги години на градба, минатата година беше осветен, а најзаслужен за подигањето на манастирскиот комплекс беше Тоше Проески.
Веднаш после осветувањето, во манастирот се случи првата венчавка, а од тогаш па се до денес, бројот на венчавки континуирано расте, што е добар знак, бидејќи токму во овој манастир се чувствува БОЖЈАТА БЛАГОДАТ!
Голем број на младенци, светиот брачен завет пред Бога го даваат токму во овој манастир, а тоа значи дека токму од Манастирот св.Преображение за многу парови започнува приказната за прекрасен брачен – заеднички живот, исполнет со многу дечиња, слога и меѓусебно разбирање.
