Од 26 до 28 јуни во Крушево бидете дел од првиот Летен книжевен камп “Крушево 2026” во организација на Книжевниот кружок “Васил Иљоски” Крушево
Почитувани ученици и професори, со задоволство ви го најавуваме првиот Летен книжевен камп “Крушево 2026” во организација на Книжевниот кружок “Васил Иљоски” Крушево.
Кампот ќе се реализира во периодот од 26 до 28 јуни 2026 година во Крушево.
Кампот е наменет за ученици од VII до IX основно одделение и за ученици од I до IV (прва,втора,трета,четврта) година од средните училишта од целата држава Република С.Македонија, кои покажуваат интерес за македонскиот јазик, литературата, читањето, творештвото и креативното изразување. Целта на кампот е преку книжевни, образовни и креативни активности да се поттикне љубовта кон пишаниот збор, да се развиваат комуникациските и творечките вештини на учениците и да се овозможи дружење и соработка меѓу млади од различни градови во Македонија.
Во рамките на кампот ќе бидат реализирани:
– работилници за креативно пишување;
– поетски и прозни работилници;
– литературни разговори и читачки сесии;
– дружба со повеќе автори од Македонија;
– книжевни прошетки низ Крушево;
– тимски и креативни активности;
– вечерни книжевни дружења;
– презентација на ученички творби и доделување сертификати;
Во интерес на учесниците Ве информираме дека котизацијата за учество на учениците од Општина Крушево ќе изнесува 1500 денари, а за учениците од другите места 4000 денари со обезбедено сместување и други придобивки.
Ве покануваме да ги информирате учениците кои покажуваат интерес за литературата, творештвото и македонскиот јазик и да предложите учесници од Вашето училиште. Пријавувањето трае од 03.06.2026 до 18.06.2026. Бројот на места е ограничен.
Со почит,
„Книжевен кружок Васил Иљоски“-Крушево.
За дополнителни информации и пријавување можете да нè контактирате на:
Телефон: 076 265 605 – Валентин
075 404 750 -Емилија
Е-пошта: [knizevenkruzokvasililjoski@gmail.com](mailto:knizevenkruzokvasililjoski@gmail.com)
