Погледнете! Одличен новогодишен амбиент во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп
Со доаѓањето на месец декември, започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца и учениците. По тој повод, просториите во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп се претворени во вистинска новогодишна бајка, каде преовладува одличен новогодишен амбиент.
“Докажано е дека новогодишните украси носат незаменлива енергија и инспирација…И како што овие светилки ги разубавуваат нашите простории, така и ние да ги разубавиме нашите денови со знаење, труд и позитивен дух. Нека оваа Нова година биде полна со нови предизвици, успех и заеднички победа!” – истакна директорот на ова прилепско училиште, Ахил Јаков.
