Општина Прилеп преку “Генералка викенд – 2026“, испрати силна порака за важноста од заштитата на животната средина и создавањето на почиста и поздрава околина за сите
И оваа година, по петти пат по ред, Општина Прилеп активно се вклучи во националната еколошка акција „Генералка викенд 2026“, испраќајќи силна порака за важноста од заштитата на животната средина и создавањето на почиста и поздрава околина за сите.
Во рамките на акцијата, сите основни училишта во општината, еколошките секции и еко-патролите реализираа бројни активности за расчистување и уредување на училишните дворови и училниците, како и едукативни работилници и еко-акции насочени кон подигнување на еколошката свест кај најмладите.
Паралелно со тоа, екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со соодветна механизација, деновиве интензивно работат на расчистување на повеќе локации со диви депонии во околината на градот.
Грижата за животната средина е заедничка одговорност. Само преку заедничко делување, едукација и личен пример можеме да создадеме почист, поуреден и поеколошки Прилеп.
