Прилеп денес и утре живее во духот на адреналинскиот мото спектакл! “Топташ 2026” ги поканува граѓаните да уживаат овој викенд во Хард Ендуро спортот
Настан кој не се пропушта!! Од 9-ти до 10-ти мај ќе се одржи Хард Ендуро настанот “Топташ 2026”.
Денес и утре во Прилеп се одржува Хард Ендуро настанот “Топташ 2026”, во организација на мото клубот Хард Ендуро – Прилеп, кој постојано го промовира Хард Ендуро спортот во Македонија. Tопташ Родео е трка во мото дисциплината Хард Ендуро. Овој спорт добива на популарност во последните години, како во Европа така и на Балканот.
“Ние како мото клуб “Хард Ендуро” – Прилеп вложуваме во ваков настан за што поголема промоција на овој спорт во нашата држава и нашиот град. Во Македонија досега е единствен ваков настан и се одржува токму во Прилеп. Името го доби по локацијата на одржување на местото викано Топташ. Се надеваме дека нашиот пример, ќе го следат и другите Хард Ендуро клубови во Македонија. Оваа трка за првпат се одржа претходната година во еден ден со 32 натпреварувачи, каде забележавме голем интерес од натпреварувачите но и од публиката. Оваа година сакајќи да го подигнеме нивото настанот се организира во два дена на 9ти и 10 мај” – информираат од мото клуб “Хард Ендуро” – Прилеп.
