Уапсен е прилепчанец! Aгресивно се однесувал кон полициски службеници
На 13.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.Б.(41) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „мицубиши“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.Б., при што било констатирано било дека управува за време на активна мерка забрана, а притоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информира МВР.
