Општина Битола моментално изведува градежни активности на дури девет локации низ Битола
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ТЕК НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ ВО БИТОЛА!
Општина Битола моментално изведува градежни активности на 9 локации, а тоа се:
– Изведба на канализациона мрежа на ул. „Панде Кајзеро“
– Изведба на водоводна мрежа во СТУ3 – нас. АРМ
– Подготовка за коловоз со тампонирање на ул. „11 Март“
– Поставување на енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“
– Реконструкција на јужна трибина на стадионот „Петар Милошевски“
– Градинка во АРМ
– Кружен тек кај „Ветеринарна“
– Изведба на Боксерска сала
– Изведба на потпорен ѕид на ул. „Јорго Костовски“
