Погледнете! Ова се улиците во Прилеп каде ќе се поставуваат нови т.н. “легнати полицајци”
На 06.08.2025 година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата го одржа својот прв состанок во новиот состав, формиран со Одлука на Советот на Општина Прилеп на 64-та седница, одржана на 10.07.2025 година.
Главна тема на состанокот беше и поставувањето на технички средства за забавување на сообраќајот, познати како легнати полицајци, со цел зголемување на безбедноста на пешаците и другите учесници во сообраќајот.
Врз основа на пристигнатите реакции од граѓаните за време на јавната консултација објавена на 25.07.2025 година, Советот разгледа и усвои приоритетни предлози за реализација.
Ул. „Мечкин Камен” – кај училиштето
Ул. „Ѓорѓи Димитров” – кај паркот кај Цуцуло
Ул. „Партизанска” – две локации
Ул. „Димо Наредникот” / „Архиепископ Доситеј”
Ул. „Кеј 9-ти Септември” – кај зградите, кон Чопано
ООУ „Кире Гаврилоски” – кај пешачкиот мост
Ул. „Вера Циривири” – над продавницата, кон подвожњакот
Ул. „Јоска Јорданоски” / „Победа”
Крстосница „Егејска” / „Кузман Јосифоски” – кај огледалата
Ул. „Прилепски Бранители” – кај факултетот и над „Партизанска”
Ул. „Карпалак” – кај Жито Прилеп (вибро лента и перничиња)
Ул. „Мице Козар” / „Пиринска” – кај турското училиште
Ул. „Орде Чопела” – кај брашнарницата
Ул. „11-ти Октомври” – кај градинката
Ул. „Бранко Секулоски” – кај градинката
Ул. „Лазо Филипоски” – кај паркчето
Ул. „Поп Аврамија” – кај млекара Мики
Предлозите кои не се прифатени, се веќе опфатени со постојни сообраќајни решенија или се во фаза на реализација преку други проекти.
Покрај наведените локации, Општина Прилеп во соработка со Министерството за транспорт и врски спроведува проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на дополнителни 31 локација. Деталниот план за поставување е достапен за увид на:
Вашите предлози и забелешки се значајни за подобрување на состојбите.
Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Прилеп
