Огромен интерес кај прилепските ученици за посета на Детскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
На 21 април 2026 година во НУЦК Марко Цепенков, цел Прилеп ќе ужива во најновото премиерно 8-мо фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД! Фестивалските претстави започнуваат во 10h, 11h, 12:10h, а вечерта е гооолемото фестивалско финале кое започнува во 19:30 часот. Организаторите и поддржувачите на фестивалот оваа година подготвија подароци за секое едно дете (посетител): “Limonada”, подарок од Витаминка, како и шишенце “Ladna voda”. Билетите за фестивалот ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16.04.2026) во 10 часот во Кафетерија/ Кафе ИН во цветната улица во Прилеп. Билетите за вечерната финалната фестивалска претстава за од 19;30h изнесуваат 250 денари, а цената за денските фестивалски претстави од 10, 11 и 12 часот изнесува само 150 денари.
И оваа година, исто како и минатите години ќе има прекрасна фестивалска глетка на ЕДИНСТВЕНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ, кој што ќе го посети младата прилепска публика, а заради популарноста на Веселите Ѕвончиња, фестивалот организирано ќе го посетат и повеќе училишта од Пелагонискиот регион.
Цел град на фестивал – се гледаме на весела детска музичка дружба на која се создаваат незаборавни детски спомени.
