Не пропуштајте! На 9-ти и 10-ти мај голем мото спектакл “ТОПТАШ РОДЕО 2026”

Сподели го ова:





























Од 9-ти до 10-ти мај ќе се одржи Хард Ендуро настанот “Топташ 2026”, во организација на мото клубот Хард Ендуро – Прилеп, кој постојано го промовира Хард Ендуро спортот во Македонија. Станува збор за адреналинска мото дисциплина која од ден на ден привлекува се повеќе ентузијасти ширум целиот свет.

Ваков настан беше организиран и минатата 2025-та година кога за прв пат во нашата земја се организираше ваков мото спектакл, кој беше одлично прифатен од натпреварувачите и многубројната публика.

Оваа година на 9-ти и 10-ти мај на големиот мото спектакл “ТОПТАШ РОДЕО 2026” се очекува да присуствува многу поголем број на публика во однос на лани, и истата да ужива во адреналинот, брзината и убавината на овој спорт.

Се гледаме на вистински мото спектакл!!




Сподели го ова:

Слични објави