Коњановски дел од конститутивната седница на вториот по ред Совет за женско претприемништво
Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски присуствуваше на конститутивната седница на вториот по ред Совет за женско претприемништво кое е советодавно и координативно тело формирано од Општина Битола со цел поттикнување, развивање и подршка на женското претприемништво, економско зајакнување на жените и унапредување на локалните политики поврзани со претприемачкиот развој .На седницата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски и претседателката на комисијата за еднакви можности Марина Крстиќ советничка и заменик градоначалничка.
“Да се заблагодарам најпрво на досегашниот состав за сите активности кои заедно ги спроведовте и навистина сте достоен репрезент и препознатлив не само во градот, тоа е веќе надминато и мислам дека даваме добар поттик за другите градови. Со вашите активности, сите ваши собири, она што може да се види и да се научи сте добар поттик помладите од вас да започнат свој бизнис, да се охрабрат, да останат во овој град, што за сите нас е секако најголемиот мотив.
За претседавач беше избрана Моника Марковска- д-р по менаџмент, за заменик претседавач Павлина Василевска- дипломиран економист и за секретар Анита Крстевска- дипломиран економист” – истакна Коњановски.
