Нека е аирлија! Во Битола во ОУ „Стив Наумов“ започна изградбата на типска спортска сала
Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски го посети основното училиште „Стив Наумов“ каде започна изградбата на типската училишна спортска сала која ќе биде на површина од 650 м2.
Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование.
Објектот ќе има две секции, едната за помошни простории ( соблекувална, канцеларија и тоалети), а другата секција е фискултурна сала со димензии 15 на 30 метри и висина 7,6 метри.
Вкупната вредност на проектот е 48.297.406 денари и се средства од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука, а дел од нив од буџетот на Општина Битола.
