Крушевскиот градоначалник не ги заборава ниту селата во неговата Општина! Денеска се работи на уредување на просторот околу џамијата во село Алданци
Денеска во Општина Крушево се работи на уредување на просторот околу џамијата во село Алданци. Со уредувањето на овој простор создаваме поубаво, почисто и подостоинствено место за жителите.
“Како градоначалник на општина Крушево, навистина ми претставува чест кога гледам дека заеднички вложуваме во подобрување на условите во нашите населени места.
Ваквите проекти се доказ дека со заедничка работа и посветеност можеме да направиме многу за развојот на секое населено место во нашата општина.
Ќе продолжиме и понатаму да инвестираме во инфраструктурата и во уредувањето на јавните простори, затоа што секое населено место во општина Крушево заслужува внимание и грижа.
Голема благодарност до сите кои се вклучени во реализацијата на оваа активност.
Заедно ја уредуваме и разубавуваме нашата општина” – истакна градоначалникот Нико Чонески.
