Градежната оператива на Општина Битола повторно е во полн ек – започнат е нов бран на проекти
Сподели го ова:
Со подобрувањето на временските услови, градежната оператива на Општина Битола повторно е во полн ек и започнуваме нов бран на проекти кои носат подобра инфраструктура, подобри услови за децата и поквалитетен живот за граѓаните.
Завршен проект: Реконструирана е детската градинка „Росица“ во село Бистрица, со што најмладите добиваат многу подобри и побезбедни услови за престој и развој.
Започнати нови проекти:
Започна изградбата на ново спортско игралиште во населбата „Стрелиште“, нов простор за спорт, рекреација и дружење на младите.
Започна изградбата на училишната спортска сала во ОУ „Стив Наумов“, значајна инвестиција за учениците и за развојот на училишниот спорт.
Започна реконструкцијата на улици во с.Братиндол, подобра инфраструктура и подобри услови за секојдневниот живот на жителите.
Општина Битола не ветува, туку работи. Со јасна визија, посветеност, создаваме нови вредности и ја правиме Битола модерна – истакнаа од Општина Битола.
Струшкиот суд го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“. Станува збор за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јованов, на Мерко му изрече парична казна, во износ од 100 дневни глоби односно…
Денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески, присуствуваше на официјалното отворање на салата за фитнес и аеробик во рамките на спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево. “Овој значаен проект е реализиран во рамките на иницијативата „Младински политики по мерка на младите“, финансиран од програмата на Цивика мобилитас и поддржан од Амбасадата на Швајцарија. Особено ме радува…
Денеска се одбележат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја, учител, визионер, и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20.век. Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и…
Битолски паркинзи излезе со соопштение во кое се вели: “Повеќе пати ЈППЈЛП Битола било цел на “аполитичните” самопрогласени спасители на градот кои се здружени под име Здружение за граѓански развој „Поинаку“ Битола. Согласно основната култура сме ги игнорирале неоснованите и недолични напади со верба и надеж дека „аполитичните“ ќе се вразумат и ќе ја сфатат тежината на јавно искажаниот збор, односно одговорноста…
Прилепските пожарникари упатија благодарност до прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и Општина Прилеп за личната опрема и обувки, кои денеска ги добија пожарникарите од ТППЕ-Прилеп. “Благодарност до Локалната Самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Борче Јовчески,за константната поддршка и помош кон ТППЕ Прилеп.Нова секојдневна лична опрема и обувки за сите наши пожарникари, се со цел безбедна…
Вчера (05.08) во периодот од 22.00 часот па се до денеска до 02.00 часот на подрачјето на Прилеп беа спроведени превентивни активности, односно таканаречените „Соседски патроли“ или мешани патроли составени од полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со претставници на локалната самоуправа и локалните институции, потоа родители, претставници на педагошките служби од основните и средните…