ПРЕДЛОГ НА КСС: Јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот, односно да завршува два часа порано

Јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот, односно да завршува два часа порано -ваквата мерка беше соопштена денеска на прес – конференцијата која ја одржа Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија-Благоја Ралповски, кој што истакна дека дополнително можат да се состават дежурни тимови, кои што ќе работат во дејностите каде што за тоа би имало потреба.
“Зголемувањето на сметките за струја за неколку пати го доведува во прашање работењето на јавните претпријатија, но ја доведува и во прашање одржливоста на работните места. Доколку властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата, во големите индустриски капацитети, а пред се и во јавните комунални претпријатија, ќе се соочиме со зголемување на цените на комуналните услуги за граѓаните и работниците, но и со губење на работни места“- истакна Ралповски.