На Иванден сите патишта водат во манастирот „Свети Јован Крстител“ во село Небрегово
На 07 јули е големиот христијански празник посветен на Раѓањето на св. Јован Крстител – ИВАНДЕН, а врз основа на тоа манастирската црква „Свети Јован Крстител“ во село Небрегово, ја слави својата манастирска слава. По тој повод вечерта на 06-ти и утрото на 7-ми јули ќе има свечена литургија, како и одлична музичка забава. Станува збор за црква која е изградена дури во далечната 1970 година на имотот каде што претходно постоела стара црква. Имено статоците од старата црква се наоѓаат на источната страна, поточно зад олтарниот дел од денешната црква.
Новоизградената црква е осветена на 17 мај 1992 година, додека пак на камбанаријата има ктиторски натпис од кој што се забележува дека била изградена во 2014-тото лето Господово Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а во црковниот двор има изграден конак, при што првиот дел од конакот е изграден во 1970 година. Оваа манастирка црква претставува одлично место за релаксација, како и место каде што голем број на прилепчани си го пронаоѓаат својот мир.
