Радост за најмладите! Се ближи Иванден, празник кога се прават кравајчиња
На 07 јули ни доаѓа големиот христијански празник посветен на раѓањето на св.Јован Крстител – или кај народот попознат како “Иванден”. На овој ден традиционално сегогаш се прават кравајчиња,
кои им се даваат на децата, а токму дечињата се тие кои најмногу им се радуваат заради шарените бонбони со кои се украсува кравајчето.
Додека пак во црквите, на овој ден, православните верници го слават раѓањето на св.Јован Крстител-Иванден. Според календарот на МПЦ, шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм.
Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем до осмиот ден по раѓањето на Јован.
