Вечерва во 20:30h пред платото на Офицерскиот дом во Битола – детската театарска претстава ЦРВЕНКАПА
Екипата на “Весел театар” доаѓа во Битола! Со доаѓањето на месец јули започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Битола денеска на 03.07.2026 (петок) во 20:30 пред платото на Офицерскиот дом во Битола како дел од програмата на Бит Фест, ќе биде одиграна претставата за деца „Црвенкапа и смешниот волк”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот. Во претставата учествуваат Црвенкапа, смешниот волк, бабата од Црвенкапа и “чичкото ловџија”. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за најмладите.
Повелете, влезот е бесплатен – бидејќи е под покровителство на Бит Фест и Општина Битола.
Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна.
