Малата Ангела ја победи болеста, а победата ја објави со ѕвонење на ѕвончето во Детската клиника
САНО- Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, објави видео од малата хероина Ангела, која што ја победи болеста, а крајот болеста го означи со ѕвонење на ѕвончето во Детската Клиника. Малата Ангела веќе од вчера е во нејзиниот дом покрај своите најблиски здрава и жива, а во целиот процес оваа слатка кукла имала голема поддршка од нејзиното братче Дамјан, кој што заедно со неа заѕвони на ѕвончето.
Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша! *видеото е објавено со дозвола на родител“, стои во објавата.
