Бидете и вие детска музичка ѕвезда! Киријана со песната “Лимонада” ќе пее на “Весели Ѕвончиња by JANA” – фестивалот кој е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!
Колку за потсетување, во јуни оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков уживаше во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде имаше можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал во земјава остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо.
Како резултат на светскиот квалитет на песните, овој фестивал се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!
Имено, на Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” следната година ќе настапи слатката Киријана Ѓорѓиоска со песната “Лимонада”, песна која е посветена на оној препознатлив бренд “Лимонада”, освежителниот пијалок кој постојано и секојдневно го конзумираат сите генерации. Е токму баш за таа вкусна лимонада, ќе ни пее слатката прилепчанка Киријана. Моментално во студио се работи на нејзината песна која ќе биде со брз впечатлив музички ритам. Музиката и текстот на песната се дело на Гоце Балада, а аранжманот е дело на Рубин Димкоски од групата “Меморија”.
