ПРОДАНОСКИ: Вечна слава Великану! 102 години од смртта на идеологот на Македонската револуционерна организација и главен поддржувач на идеата на Митрополитот Теодосиј Гологанов за возобновување на Охридската архиепископија!
Денес се навршуваат цели 102 години од смртта на нашиот прилепчанец Ѓорче Петров кој бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ. По тој повод, денеска претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски и неговиот тим, положија свежо цвеќе, оддаваjќи голема почит кон идеологот на Македонската револуционерна организација.
“Ѓорче Петров, (2 април 1865, с. Варош, Прилепско – 28 јуни 1921, Софија, Бугарија)
102 години од смртта на идеологот на Македонската револуционерна организација и главен поддржувач на идеата на Митрополитот Теодосиј Гологанов за возобновување на Охридската архиепископија! Вечна слава Великану!: – истакна Проданоски, а веднаш потоа сподели и еден впечатлив текст – извадок од ,,Материјали по изучувањето на Македонија” во кој се вели:
,,… Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патописци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г.Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун.”
,,Материјали по изучувањето на Македонија”
(Софија, 1896).
Вечна слава Великану!
