Денеска во Прилеп, Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младенците, кои ги загубија своите животи во страшната несреќа во Кочани
Драги прилепчани, браќа и сестри!
Со длабока тага и сочувство, храмот Св. Благовештение ги известува сите верници, дека во сабота, на 22 март, на празникот посветен на 40-те севастиски маченици – Младенци, ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида за покој на душите на младенците, кои го загубија својот живот во страшната несреќа во Кочани.
