Во пресрет на пивскиот фестивал, УЈП во Прилеп реализираше едукативна работна средба со стопанствениците и со закупците на штандови
Во пресрет на манифестацијата „Пиво-фестивал 2025“, која ќе се одржи во Прилеп во текот на претстојниот викенд, од 18 до 20 јули 2025 година, претставници од Управата за јавни приходи (УЈП) реализираа едукативна работна средба со стопанствениците и со закупците на штандови кои ќе учествуваат на оваа манифестација.
На средбата на учесниците кои ќе вршат промет на добра и услуги им се укажа од потребата задолжително да:
Физичките лица кои ќе вршат продажба на производи во периодот додека трае манифестацијата, потребно е да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП.
Управата за јавни приходи континуирано врши контроли на терен на цела територија на државата. За стопанствениците кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Закон.
Со ваквите едукативни активности, УЈП ја продолжува својата заложба за унапредување на даночната култура, зајакнување на доброволното усогласување и градење партнерски однос со даночните обврзници. За сите кои имаат потреба од поддршка можат да се обратат на:
