Отворена изложбата “75 за 75” на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот “Војдан Чернодрински”
Вчера вечерта во фоајето од Центарот беше отворена изложбата “75 за 75” на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот “Војдан Чернодрински”.
Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска, која предизвика голем интерес, ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, потенцирајќи го големото историско значење на изложбата. Презентирани се избор на фотографии од претстави кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински”, претстави кои биле наградени и најгледани.
Синоќа присуствувавме на отворањето на изложбата „75 за 75“ во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, посветена на 75-годишнината од постоењето на Театарот „Војдан Чернодрински“. Изложбата, авторско дело на м-р Каролина Мицевска, прикажува 75 фотографии на платно што сведочат за богатата и значајна историја на еден од најважните театарски институции во нашата држава. Им честитам на организаторите за идејата и реализацијата на овој вреден проект кој преку фотографијата нè потсетува на моќта на уметноста и нејзината улога во културниот идентитет на Прилеп. Прилеп го слави театарот и уметноста – горд сум што сме дел од оваа историја – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
