Денеска се одржа завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари” во Општина Новаци
Денеска се одржа завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари” во Општина Новаци, спроведуван од здружението Центар за ресурси во животната средина.
На настанот беа презентирани активностите и резултатите од проектот на кој се промовираа и се поставија темелите за спроведување на земјоделски практики што ќе ги намалат достапните горива, ризикот од палење, стапката на појава и штетата предизвикана од земјоделските/шумските пожари во регионот.
Проектот придонесе кон побрзо и поефикасно интегрирање на практики за справување со пожари на ниво на предел преку размена на искуства и добри практики, како и спроведување на информации за ризици и опасности од пожари и воспоставени практики за справување со истите.
