Денеска во Битола, Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола- Оливера Нечаковска, и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе го пуштат во функција Истражниот центар

Сподели го ова:





























Во битолското основно јавно обвинителство, денеска ќе биде пуштен во функција Истражниот центар.

Почетокот на работата на овој Истражен центар ќе го означат Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола- Оливера Нечаковска, и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Работата на истражителите од истражниот центар во Битола ќе биде самостојно преземање на голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествување при претреси и лишување на лица од слобода. Истражителите ќе бидат ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.




Сподели го ова:

Слични објави