Чонески: Kрушево останува посветено на градење пријателства и соработка со меѓународните партнери
Денес во Крушево, крушевскиот градоначалник Нико Чонески ја пречека амбасадорката на Република Грција, Н.Е. Софија Филипиду. Во текот на средбата беа разменати мислења за унапредување на соработката, со посебен акцент на развојот на локалната заедница, туризмот и поддршката на иницијативи што го подобруваат секојдневието на граѓаните.
Крушево, како град со длабоки историски корени и препознатлива културна вредност, носи сериозен потенцијал за поголема меѓународна видливост и соработка. Се заблагодарив за досегашната поддршка и ја истакнав подготвеноста на Општината за нови проекти и партнерства. Убеден сум дека оваа посета отвора нови можности за зајакнување на односите и идниот развој на Крушево. Крушево останува посветено на градење пријателства и соработка со меѓународните партнери – порача Чонески.
