Пријавете се и вие!! Кирјана Чавлеска ќе пее на најновото издание на “Весели Ѕвончиња”
Навистина, најубаво е да си дете, кое искрено и безгрижно своја музичка сказна – искрено си плете! Е сега, кога сме кај децата и музиката, сакаме да ве известиме дека на најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, со новокомпонирана песна, оваа година ќе настапи и Кирјана Чавлеска од Прилеп.
Оваа слатка кукла, на годинешното издание ќе настапи со новокомпонирана песна зад која како автори се потпишуваат Гоце Балада и Рубин Димкоски. Доколку имате од 4 до 15 години, и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/ 867-169 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!
