Битолчани во чест на Александар Турунџиев! Синоќа во Битола промовирана песна за големиот битолски војвода
Синоќа во Битола беа одбележани 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, при што во организација на Општина Битола, вчера вечерта во 19:30 часот од ОУ “Ѓорѓи Сугарев” тргна поворката во чест на Александар Турунџев.
Оваа поговорка се движеше преку плоштадот Магнолија, крај реката Драгор, Ат Пазар па се до местото каде е поставен споменикот. Таму во очи на откривањето на споменикот, премиерно беше изведена песната “Црно му било пишано”.
