“Зика” вирусот пристигна во Македонија: Македонец кој бил на Малдивите е позитивен на Зика вирусот

Сподели го ова:





























Македонец кој летувал надвор од границите на нашата земја е позитивен на Зика вирусот, а оваа информација е потврдена од Институтот за јавно здравје. Имено, ова е прв случај во нашата земја од појава на овој вирус.

Македонскиот државјанин се заразил на Малдивите каде престојувал, а како критични дестинации каде што најмногу има циркулација на вирусот се наведуваат Тајланд, Индонезија, Малдивите, Бразил и Карипскиот регион.

Врз основа на првиот случај во Македонија, постои можност за појава на нови импортирани случаи кои можат да бидат резултат на честите патувања на граѓаните во тропските туристички дестинации.




Сподели го ова:

Слични објави