Четири нови возила за потребите на прилепската подружница на АД „Македонски пошти“
Вчера во Прилеп, официјално беа доделени 4 нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“ во Прилеп, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа значајна јавна институција. Новите возила ќе придонесат за побрза и поефикасна достава на пратките, подобра организација на работните процеси и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите.
“Заедно со генералниот директор на АД „Македонски пошти“ и директорката на подружницата во Прилеп, ја истакнавме важноста од континуирани инвестиции и модернизација на поштенските услуги, како значаен сегмент во подобрувањето на јавниот сервис.
На државно ниво беа обезбедени вкупно 100 нови транспортни возила, со цел унапредување на поштенските услуги и создавање поефикасен и помодерен систем на работа.
АД „Македонски пошти“ претставува институција од особено значење за граѓаните, стопанството и целокупното функционирање на општеството, обезбедувајќи достапни и навремени услуги во сите делови на државата. Затоа, секое вложување во нејзиниот развој и модернизација претставува вложување во подобар јавен сервис и поквалитетни услуги за сите корисници.
Благодарност до Владата и Министерството за транспорт за поддршката и инвестицијата во модернизацијата на АД „Македонски пошти“.
Како локална самоуправа, го поздравуваме секое вложување што придонесува за поефикасни јавни услуги, подобри услови за работа и поквалитетен сервис за граѓаните” – порача градоначалникот Дејан Проданоски.
