Жители од крушевско се тепале пред Брзата помош во Прилеп! “Летале” метални и дрвени предмети “на сите страни”
Во текот на вчерашниот ден (25.05.2026) на ул. „Трајко Тарцан“ во Прилеп во 22:15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода повеќе лица: Ц.У.(31), Ч.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36), како и 17-годишен малолетник – сите од с. Пресил/крушевско, како и С.К.(52) и Х.К.(18) од с. Саждево/крушевско.
Врз основа на пријавата, во 19:30 часот С.К. и неговиот син Х.К. движејќи се со „пасат“ на пат кон с. Саждево биле пресретнати од „бмв“, управувано од Е.У., зет за ќерка на пријавителот, при што тој физички ги нападнал.
Малку покасно С.К. и Х.К. се упатиле на преглед во Брзата помош во Прилеп, каде биле нападнати од Ц.У., Ч.У., Е.У., А.У., Е.У. и еден малолетник, а трагедијата да биде уште поголема при нападот употребиле метални и дрвени предмети.
Од страна на МВР се преземаат мерки за расчистување на настанот.
