Прилепската болница денеска беше преполна со искрени срца кои донираа медицински апарат за следење на виталните параметри на предвремено родените бебиња

Сподели го ова:

































Денес во Прилеп беше одбележан Светскиот ден на предвремено родените деца, ден посветен на најмалите борци и на сите хумани луѓе, медицинари и семејства кои секојдневно се грижат за нивниот живот и иднина.

На неонатолошкото одделение при Општата болница Прилеп денес беше дониран пациент-монитор, медицински апарат од огромно значење за следење на виталните параметри на предвремено родените бебиња, особено при нивен транспорт.

Оваа донација е несебичен гест на Унијата на жени на ВМРО–ДПМНЕ Прилеп, поддржана од многу други членови и граѓани кои се приклучија кон иницијативата.

Во име на Општина Прилеп, упатувам искрена благодарност до Унијата на жени, до сите хумани компании и до граѓаните кои помогнаа оваа акција да добие вистински хуманитарен карактер. Голема благодарност и до медицинскиот персонал од неонатолошкото одделение, кои со својата стручност, посветеност и човечност секој ден се борат за здравиот почеток на најранливите. Посебно признание заслужуваат и мајките за иницијативата, кои што веќе шест години со љубов и истрајност ја одржуваат оваа акција и инспирираат многумина.Како човек и како градоначалник, уверувам дека сè што се однесува на подобрување на демографската слика во нашата општина, како и унапредување на условите за предвремено родените деца, ќе остане наша сериозна обврска и приоритет. Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и да создава подобри услови за сите деца, особено таму каде што е најпотребно – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави