Жалосна слика од Кривогаштани: Во 21 век кал, дупки и неасфалтирани улици

Сподели го ова:





























До нашиот информативен тим, жители на општина Кривогаштани ни пратија слики се со цел како што нагласуваат самите тие – да ја запознаеме јавноста во какви услови живеат граѓаните од оваа општина во овој 21 век, каде светот оди напред а тие живеат во неасфалтирани улици, дупки, и кал.

Не може повеќе вака! СДСМ цели 8 години ни ветуваше дека ќе го среди овој проблем, меѓутоа ништо од тоа- се било лага! Во 21 век газиме по кал и калдрми, а штом се појави дожд, тогаш нашите улици се тешко пристапни, а ако по улиците одиме пешки, калта ја носиме дома” – истакна жител на Општина Кривогаштани.

Како што истакнува лицето кое е жител на Општина Кривогаштани, селата во оваа општина се во катастрофална состојба, и дека неизбежни се промени, бидејќи цели осум години биле излажани од власта на СДСМ, која не си достоила на зборот.




Сподели го ова:

Слични објави