Три кандила од Бигорски, ќе горат во Ерусалим на гробот на Пресвета Богородица

Сподели го ова:





























Tри сребрени кандила од Бигорскиот Манастир, ќе горат на гробот на Пресвета Богородица во Ерусалим.

Сега би сакале да ја изразиме својата голема и света благодарност кон мајката наша Богородица со еден скромен подарок за Нејзиното најголемо светилиште. Имено, уште при нашето сослужение во Гетсиманија, посакавме и ветивме да даруваме три сребрени кандила за светиот гроб на Мајката на Животот, како што е древен обичај таму. Но еве, денеска, според Божјата неиспитлива промисла, Богодорица нè удостојува да му ги предадеме лично на Нејзиниот верен и добар слуга и работник, игуменот на светата Гетсиманија, високопреосвештениот митрополит г. Јоаким. Овие сребрени кандила со позлата, обележани и со иницијалите на сесветиот гроб Христов, односно со логото на знамето на Божигропското братство на Ерусалимската патријаршија, се наш мал прилог на благодарност за преголемата светиња на Пресвета Богородица” – истакна епископот атаниски, Партениј.




Сподели го ова:

Слични објави