Затворски полицајци му помогнале на затвореник да ја пронајде топката со дрога која била фрлена преку дворот на затворот

Сподели го ова:





























Како што информираше директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, Управата извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент каде што затворски полицајци му помагале на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот.

По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат…Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж се играл со кучката Цеца, он имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот – истакна Пандов.




Сподели го ова:

Слични објави