Запален домот на Александар Пандов
Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, истакна дека денеска му бил запален неговиот дом.
–Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува – порача Пандов.
