Мицкоски: Битола е на прав пат – заедно кон нова победа!
Во текот на денешниот ден, премиерот Христијан Мицкоски беше во Битола, каде го посети битолскиот општински комитет.
Денес го посетив Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Воодушевен сум од енергијата, сплотеноста и решителноста на нашите членови. Тимот е силно мотивиран и целосно подготвен за голема и достоинствена победа на претстојните локални избори. Битола е на прав пат, заедно кон нова победа! – порача Мицкоски од Битола.
