За уште поубава Битола! Преку кампањата „Предложи идеја“, секој битолчанец има можност директно да ги изнесе своите предлози и иницијативи
Денес, битолскиот градоначалник Тони Коњановски и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Битола, Пеце Милевски, остварија средби со граѓаните од урбаните заедници „Васко Карангелевски“ и „Ѓорги Наумов“. Преку кампањата „Предложи идеја“, секој граѓанин има можност директно да ги изнесе своите предлози и иницијативи за подобра иднина на нашата општина.
Секој предлог е важен, за поубавата и посилна Битола!
