ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: На некои места денеска ќе има силен ветер, електрични празнења и појава на град
Времето денеска (02.09.2022 година) ќе биде променливо, нестабилно и облачно, при што на повеќе места се очекува да има пороен дожд и грмежи. Локално, се очекува форма на невреме проследено со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења, како и појава на град. Температурите ќе се движат од 13 до 28 степени.
Стабилизирање на времето, како што истакнуваат од УХМР, ќе имаме утре и задутре, меѓутоа ваквото стабилно време ќе трае се до крајот на викендов, при што веќе во понеделник времето повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
