Во срцето на Прилеп – кај градскиот часовник на 13 септември ќе се одржи седмиот “Фестивал на млекото”
МЛЕКО 2025: Гласот на сточарите
Седми пат по ред, во срцето на Прилеп – кај градскиот Саат, ќе се одржи Фестивалот на млекото.
Оваа година во фокусот ги ставаме сточарите и производителите на млеко и млечни производи – луѓето кои со години, со посветеност и љубов, се грижат за стадата и ја негуваат традицијата на производство.

Нивната работа е тешка, често незабележана, а предизвиците се секојдневни – од климатските промени и недостиг на пасишта, до економската неизвесност и напорот да се одржи квалитетот во услови на сè помали ресурси. Но токму тие луѓе се носители на живата традиција.
Тие го чуваат вистинскиот вкус на млекото и сирењето, и преку својата работа ни овозможуваат да се потсетиме на богатството што го има нашата земја.
Фестивалот оваа година е посветен на нивниот глас – за сите да слушнеме какви се предизвиците на сточарите денес, и што можеме заедно да направиме за да се зачува и развива оваа важна гранка.
На фестивалот ќе можете да:
Фестивалот на млекото е место каде што традицијата, младите и иднината на локалното сточарство се спојуваат во едно.
Добредојдовте и да го прославиме млекото, сирењето и трудот на нашите сточари!